Навистина е „посебен“: Мурињо купил 60 пици за успешниот старт на сезоната

Португалскиот тренер Жозе Мурињо го носи епитетот „Посебниот“ поради тоа што секогаш знае да направи некој необичен потег и да ги изненади сите, а тоа се случило и по победничкиот старт на сезоната во Серија А.

Рома славеше со 1-0 против Салернитана во првото коло од Серија А, откако единствениот гол го постигна Брајан Кристанте, а Мурињо решил да ги почести фудбалерите и стручниот штаб, па затоа им купил 60 пици.