Навас платил 220.000 долари за да замине од Париз

Неколку ѕвезди на ПСЖ, меѓу кои Нејмар, Тиаго Силва и Едисон Кавани, си заминаа од Париз поради коронавирусот и се вратија во татковината, а тоа го направил и Кејлор Навас.

„ЕСПН“ објави дека 33-годишниот голман со приватен авион на 27 март го напуштил Париз и слетал во Костарика, а за тоа платил 220.000 долари.

Навас ќе мора да остане 14 дена во карантин, а исто го чека и кога ќе се врати во Франција.