Натпреварот на сезоната го одиграа Ајакс и Херенвен (ВИДЕО)

Ајакс киксна на домашен терен играјќи 4-4 во еден од најдобрите и најинтересните натпревари одигран оваа сезона во сите европски лига. 

Најтрофејниот холандски тим го имаше натпреварот во свои раце, водеше со 3-1, а можеше да биде и уште поубедливо, но Душан Тадиќ промаши пенал. Гостите израмнија на 3-3, а ветеранот Клас Јан Хунтелар го врати домашниот тим во водство од 4-3. Кога сите на „Јохан Кројф“ арената помислија дека бодовите се освоени, Херенвен успеа да погоди во судиското продолжение и да се избори за бод.