Наполи не е семоќен, Интер најде начин да го умртви (ВИДЕО)

Дербито на првите две екипи во Серија А заврши со најмалку популарниот резултат, 0-0, најмногу благодарение на тактичката пресметаност на интер, но и на неговиот голман, Самир Хандановиќ.

Наполи влезе во мечов со осум победи од осум натпревари, со преку три гола постигнати по натпревар, но не најде начин да ја надмудри одбраната на Интер. Беше подобрата или, барем поконкретната во најголем дел од натпреварот, а особено во првиот дел.

Уште во шестата минута Хамшик се закани од далечина, а такви обиди имаше уште неколку во текот на мечот. Најсеериозната шанса за домаќините ја имаше Каљехон во 24. минута, но Хандановиќ одбрани, а Борха Валеро има за што да жали кога во последните минути од вториот дел од непосредна близина не го совлада Реина.

Во вториот дел се играше за нијанса попасивно, без некоја колосална шанса како во првиот дел. Наполи сега има 25 бода, два повеќе од Интер.