Наполи и Милан ги поделија бодовите, половина час за Елиф Елмас (ВИДЕО)

Наполи и Милан ремизираа со 2-2 во дербито на 32. коло во Серија А.

„Росонерите“ поведоа со голот на Тео Ернандез во 20. минута, а 14 минути подоцна израмни Ди Лоренцо. Во вториот дел Наполи успеа целосно да го сврти резултатот во своја корист преку Мертенс, но Милан успеа да израмни на 2-2 со голот на Кеси од пенал во 73. минута.

Елмас влезе во игра во 65. минута, но не се запиша во листата на стрелците.

Со поделбата на бодовите, Наполи останува шести со 52 бода, два повеќе од нивниот денешен ривал.