Наполи и Ливерпул ќе се „тепаат“ за ѕвезда на Генк

Сандер Берге важи за еден од најголемите таленти во Европа и моментално игра за екипата на Генк. Младиот 21-годишен фудбалер импресионира со своите настапи, а особен интерес за неговите услуги покажуваат Наполи и Ливерпул.

Генк во групната фаза од Лигата на шампиони игра токму против овие два гиганти, па оттаму и интересот за Берге. Од таборот на белгискиот тим го потврдуваат интересот за нивниот „бисер“, но велат дека засега нема никаква официјална понуда.

Интерес нема само од Наполи и Ливерпул, туку и од уште неколку калчолигаши, но барем до крајот на сезоната Норвежанецот ќе остане во Генк.