Наполи и Елмас на врвот во Серија А: Удинезе доби лекција по фудбал (ВИДЕО)

Наполи оствари фантастична победа од 4-0 на гостувањето кај Удинезе во рамки на 4.коло во Серија А за да се искачи на врвот на табелата со максимални 12 бодови. 

Тимот на Лучијано Спалети одигра маестрален натпревар од првата до последната минута, а македонскиот репрезентативец го одигра целиот меч. Сите голови на гостите беа мало ремек дело, а победата ја најави Лоренцо Инсиње со прекраен лоб, но сепак голот му е припишан на Виктор Озимен, бидејќи ја добре топката пред да влезе во мрежата во 24.минута. Потоа погоди стоперот Амир Рахмани и тоа на асистенција на Калиду Кулибали по една прекрасна тимска акција од слободен удар.

Кулибали самиот се запиша во листата на стрелците во 52.минута и тоа со прекрасен гол. Точка на победата стави Ирвинг Лозано во 84.минута исто така со убав погодок по двојната игра со Марио Руи.