Напаѓач на Брајтон по дивјачки старт доби директен црвен картон (ВИДЕО)

Напаѓачот на Брајтон, Флорин Андоне заработи директен црвен картон на мечот против Саутемптон (0-3) во третото коло од Премиерлигата.

Андоне во 30. минута заработи исклучување, откако имаше дивјачки старт на ногата на противничкиот бек Јан Валери, кој остана да лежи на тревникот.

Фудбалскиот експерт на телевизијата „Скај Спортс“, Пол Мерсон кажа дека таквиот прекршок бил за најмалку „пет црвени картони“.