Нант го шокираше Марсеј на „Велодром“
Нант поведе преку Лимбомбе во 34.минута, по што Сансон израмни на 1-1 пет минути подоцна. Сепак, гостите се радуваа на трите бода благодарение на погодокот на Бамба во 53. минута и автоголот на Алваро во 91. минута.
Марсеј останува второпласиран на табелата со 52 бодови, односно 10 помалку од ПСЖ.