Наместо за Нова Година, Де Брајне ќе се врател во октоври, поради еден - „волшебник“!

Манчестер сити доживеа голем удар во средата, кога Кевин Де Брајне тешко го повреди коленото. Првите најави беа дека ќе му треба подолго време за рекуперирање и дека би се вратил околу католички Божик (25 декември). Сепак, Пеп Гвардиола го упати кај еден медицински „волшебник“, кој вели ќе го  „средел“ до октомври.

Кога станува збор за сериозни повреди и операции, Пеп Гвардиола нема дилеми и знае каде да ги праќа играчите. Негов човек е д-р Рамон Кугат, ортопедски хирург од Барселона, кој му е дамнеше пријател на Гвардиола. Во 90-тите, кога Гвардиола беше во својот цут како фудбалер, не можеше да достигне уште поголеми височини само поради една повреда на бутниот мускул. Таа се повторула повеќе пати, се додека не го пратиле кај Рамон Кугат.

Човеков го оспособил и оттогаш Гвардиола му е заколнат пациент. Не тој самиот, ами, речиси, сите фудбалери кои се во неговите екипи и се соочуваат со сериозни повреди, како оваа со коленото на Де Брајне. Впрочен, Белгиецот еднаш веќе беше пратен во Барселона, кај Кугат, во 2016 година, а покрај него од редовите на Манчестер сити го имаат посетено и Венсан Компани, Габриел Жесус и Серхио Агуеро. Сега, докторот оптимистички рекол дека ќе го опорави до октомври, а првичните најави беа дека ќе го чекаат до католички Божик.

Претходно, Гвардиола успешно ги лекуваше и ѕвездите на Барселона, како Пујол, Чави, Фабрегас, Ето, Вилја, како и Торес, Ланѕини, Казорла... Проблем настапил само во 2013 година, кога дојде во Баерн Минхен. При првиот посериозен случај, повредата на Тијаго Алкантара, раководството на Баерн дало забрана за таков маневар, верувајќи на својот специјалист.

Англичаните не патат од такви комплекси, па за газдите на Сити многу полесно е да платат авионски билет до Барселона, па таму Де Брајне да го добие најдобриот можен третман, од најславниот хирург во светот. Интересно е тоа што д-р Кугат одбивал да стане специјалист по спортска медицина и продолжувал да си работи во својата приватна ординација во Барселона.