Најважниот фудбалер на Милан, ја продолжува верноста со „росонерите“

Џанлуиџи Донарума, еден од најперспективните голмани на светот, ќе го продолжи договорот со Милан до 2024 година. Многу шпекулации имаше за неговата иднина, но Италијанецот ја донесе својата одлука.

Реал Мадрид беше сериозно заинтересиран за Донарума во минатата сезона, потоа и Пари Сен Жермен се вклучи во борбата за неговиот потпис, но Донарума постави неколку услови до Милан, „росонерите“ ги исполнија, па Донарума остана во тимот.

Сега, какошто пренесува „Кориере дело Спорт“, „зелено“ светло дал и контроверзниот агент Мино Раиола, па Донарума ќе ја продолжи верноста со Милан за до 2024 година.