„Најубав момент во животот? Кога си заминав од Манчестер јунајтед!“

Бебе се појави во јавноста во 2010 година кога потпиша за Манчестер јунајтед, но четири години подоцна го напушти клубот во кој не се прослави многу.

Во моментов Бебе има 28 години и настапува за Рајо Валјекано, а во Манчестер јунајтед за четири години собра само два настапи.

„Секој ден му се јавував на агентот и го молев да ме извлече од Јунајтед. Тоа беше лошо време. Кога не играте, дури и да сте во голем клуб, тогаш не сте среќни“, вели Бебе.

За 7,4 милиони фунти Сер Алекс Фергусон го донесе на „Олд Трафорд“, но тој не се прилагоди на Јунајтед, па мораше да биде продаден.

„Се сеќавам кога бев на натпревар на Јунајтед со младиот тим, а мојот агент ми кажа дека сум бил продаден на Бенфика. Тоа беше најдобриот момент во мојот живот“, кажа Бебе.