Најголемата ѕвезда на Оклахома го пропушта стартот на сезоната!?

Ѕвездата на Оклахома Сити тандер, Расел Вестбрук, би можел да го пропушти стартот на новата НБА-сезона.

Вестбрук минатата сезона имаше одлични настапи, но сега е на рехабилитација по повредата на коленото, која ја имаше во септември и докторите уште не му даваат дозвола за враќање на паркетот.

„Секој ден напредува. Не знам дали ќе биде подготвен, иако тоа го интересира. Многу работи ќе влијаат на одлуката за играта. Ќе мора да добие дозвола за игра и ќе мора да почека на тоа“, кажа тренерот на екипата, Били Донован.

Оклахома новата сезона ја отвора со Голден Стејт вориорс.