„Најголема грешка ja направивме кога го пуштивме Мојс да си замине!“

Шкотскиот тренер Дејвид Мојс не требало да ја напушти клупата на Манчестер јунајтед по седум месеци, барем така смета легендарниот голман Питер Шмајхел.

Поранешниот дански голман смета дека Мојс требало да добие повеќе време и така ќе докажел дека ја заслужува тренерската позиција во Манчестер.

Мојс пристигна на „Олд Трафорд“ во 2013 година, но не издржа ниту една сезона, па потоа како земана беше поставен Рајан Гигс, а подоцона пристигнаа Луј Ван Гал и Жозе Мурињо.

„Манчестер јунајтед треба да жали по Мојс, кој замина по само седум месеци. Мислам дека требаше да му дадеме многу повеќе време. Тој требаше да научи уште многу работи, но немаше од кого. Мислам дека во тоа време многу ќе му помогнеше доколку Мајк Фелан останеше помошник“, вели Шмајхел.