Најдобриот стрелец во Италија се посрамоти во Неапол (ВИДЕО)

Во овие моменти се игра четвртфиналниот натпревар во Купот на Италија помеѓу екипите на Наполи и Лацио.

Наполи, на кого не му оди баш најдобро оваа сезона, успеа да дојде до водство уште во втората минута од натпреварот, откако мрежата на гостите ја затресе Инсиње.

Седум минути подоцна, идеална шанса за израмнување имаше најдобриот стрелец во досегашниот дел од сезоната во Серија А, Чиро Имобиле, но се посрамоти, лизгајќи се точно пред да испрати удар кон голот на Оспина.

Инаку, на овој натпревар на клупата на резерви во Наполи е и македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас.