Најдобрата македонска фудбалерка го продолжи договорот со Леванте

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова, го продолжи договорот со шпанскиот клуб Леванте со 2021 година. 

Оваа информација ја потврди и клубот, а оваа соработка може да биде продолжена и до 2022 година, доколку двете страни идната година бидат задоволни од соработката.

Нашата фудбалерка од средниот ред минатото лето дојде во Леванте УД Феменино од Барселона. Таа е четвртиот фудбалер што го продолжи договорот со клубот ова лето.

Инаку, Леванте пред прекинот на првенството беше на третото место на табелата со 45 бодови, односно 14 помалку од лидерот Барселона, додека втор е Атлетико Мадрид со 50 бода.