Најбогатиот шеик го најде тандемот кој треба да го направи Њукасл во – гигант!

Најбогатиот шеик Мохамед Бин Салман, саудискиот принц престолонаследник кој од неодамна го купи англиски Њукасл, конечно го нашол тандемот што треба да донесе преродба на „Сент Џејмс Парк“ и од овој премиерлигаш да направи нов светски гигант.

Веќе низа имиња се извртеа во комбинациите кој ќе биде нов менаџер, но според последните информации, изборот на Бин Салман е тандем во спортскиот сектор и тоа двоецот од четирикратниот европски првак Ајакс – Марк Овермарс – Ерик Тен Хаг.

Овермарс е спортски директор во Ајакс и требало оваа функција да ја добие во Њукасл, а Тен Хаг да биде на клупата, па добрата работа во Амстердам на овој двоец и тоа како му се допаднала на Бин Салман. Дека работата е скоро пред реализација, најава доаѓа и од Холандија, па двајцата според последните информации многу се загреани за проектот во премиерлигашот.

„Тоа е голем предизвик за двајцата и тие се многу заинтересирани. Овермарс веќе десет години е во Ајакс и во клубот направи сѐ што можеше. Наскоро може да се очекува официјални потези од Њукасл и почеток на преговори“, најавува најугледниот холандски весник „Телеграф“.

Овермарс во 2017 година го донесе Тен Хаг во Ајакс од Утрехт, а без оглед што секоја година аместердамскиот гигант ги продава најдобрите фудбалери, доминира во Холандија, плус Ајакс беше и полуфиналист во Лигата на шампионите пред две години.