Најбизарниот ВАР досега: Поништен гол, па признат, па на крај – пак поништен! (ВИДЕО)

Веќе бескрајни се циркузите што може да ги направи ВАР во Англија, па скоро да нема некој што не збеснува на бурлеските што може да ги приреди видео-технологијата, ама тоа што му се случи на Брајтон попладнево е за – анали.

Ако се бара најбизарна одлука на ВАР досега, тоа секако е голот што од „трета мајка“ го поништи новата технологија. Брајтон гостува кај ВБА, а моментот што е спорен и ќе предизвика бура од дебати и негодувања се случи кога гостите дадоа гол.

Сѐ тргна од кратко изведен слободен удар и гол, по кој судијата го поништи, па се премисли дека дал знак, за на крај конечно да свирне – не е гол!

„Два пати дувна во свирчето. Прво да го предупреди голманот на домаќините дека не бил добро поставен, а вториот да го сопре изведувањето на ударот на Лукас Данк, кој дргна на топка без да добие знак“, објаснија од ФА на Англија.