Најбараниот француски репрезентативец наместо во Премиерлигата се сели во Шпанија?

Повеќе од една година, францускиот репрезентативец Набил Фекир, најдобриот играч на Лион се поврзува со трансфер и лани беше најблиску до Ливерпул, само лекарски прегледи го делеа од трансфер, но сето тоа се изјалови.

И летово Фекир повторно е на мета на многу клубови, ама по се изгледа овојпат наместо во Премиерлигата (после Ливерпул и Челси беше многу близу да го доведе), најверојатно одличниот офанзивец и дел од златната генерација од СП во Русија лани на „триколорите“ ќе заврши во шпанската Ла Лига.

Како што објави „Л'Екип“, во моментов Валенсија, Севилја и Бетис водат жестока битка за да го ангажираат Фекир, а повторно околу трансферот е замешан најмоќниот менаџер на светот Жорге Мендеш. За разлика од лани, кога Лион не ги доби 65-те милиони евра договорени со Ливерпул, овојпат бившиот француски првак ќе мора да се задоволи со многу помалку – речиси двојно!