Најава за бокс-меч меѓу Тухел и Конте (ФОТО)

Челси одигра 2-2 против Тотнем, но неколку контроверзни одлуки на судијата и бурната прослава на тренерот Антонио Конте го изнервираа германскиот стратег Томас Тухел, кој тргна физички да се пресмета по крајот на средбата.

Тухел и Конте беа пред тепачка, но за среќа интервенираа редарите и останатите членови од тимовите за да ги разделат двајцата гневни тренери, а сега дел од медиумите им фаќаат сеир на тренерите, па британски „Сан“ објави и „најава“ за бокс-меч.

Инспирирани од борбите во рингот, новинарите на „Сан“ решија да ги најават двајцата тренери, па така со графика покажаа кој колку години има, висина, плата, но и колку трансплантации на коса.