На „Вестфален“ има 299 навивачи на Борусија и еден на Шалке (ФОТО)

Големото локално дерби во Бундеслигата помеѓу Борусија Дортмунд и Шалке вечерва го следат само 300 навивачи на стадионот „Вестфален“ или сега попознат како„Сигнал Идуна Парк“.

Вообичаено атмосферата е жестока, бидејќи овој дуел се игра пред 80.000 гледачи, но локалните власти дозволија само 300 навивачи на трибините. Интересно е дека 299 навивачи се за домашниот тим, но има и еден на Шалке. 

Фотографите лесно го уловија, бидејќи само тој носи син дрес на тимот од Гелзенкирхен.