На Солшер му се смачи: Секој втор ден ми го поставувате истото прашање! (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед вечерва на „Олд Трафорд“ играат против ПСЖ во првиот меч од осминафиналето на Лига на шампиони.

Јунaјтед беше аутсајдер кога ги извлекоа паровите од осминафиналето поради очајната форма, но тогаш тренер им беше Жозе Мурињо, па сега работите се драстично променети по пристигнувањето на Оле Гунар Солшер.

Солшер е многу блиску до нов договор со екипата од „Олд Трафорд“, а навивачите на Јунајтед се надеваат дека тој ќе остане тренер.

„На многу начини ми го поставуваат тоа прашање. Мора да го промените тоа и да престанете да ми го поставувате истото прашање секој втор ден. Ја сакам секоја секунда откако пристигнав тука. Знаеме колку голем предизвик е ова за нас, фудбалерите одлично одговорија на тоа што го барав“, кажа Солшер.