На ревијален меч: Одамна некој не добил ваков аплауз на „Сантијаго Бернабе“ (ВИДЕО)

Легендите на Реал и Челси синоќа во Мадрид играа ревијален меч, а една од најголемите ѕвезди беше поранешниот капитен на „кралевите“, Раул Гонзалез. Легендарниот напаѓач постигна два погодоци на синоќешниот меч, а од теренот искочи на почетокот од второто полувреме. Навивачите на Реал покажаа дека не го заборавиле и со громогласен аплаус ја испратија својата легенда.