На расистичките навреди им нема крај: Британската полиција ќе го заштити Погба

Британската полиција ќе му помогне на премиерлигашот Манчестер Јунајтед со тоа ќе ги идентификува луѓето кои го навредуваа Погба на расна основа.

Имено, неколку лица преку Твитер упатија расистички навреди кон Пол Погба по натпреварот од 2. коло од шампионатот на Англија со Вулверхемптон.

Французинот не реализираше пенал во овој натпревар при резултат 1-1 и на крајот Јунајтед мораше да се задоволи само со еден бод.

Оние кои упатувале навреди кон Погба и кои ќе бидат идентификувани се соочуваат клубот да им изрече доживотни забрани за присуство на натпреварите на Манчестер Јунајтед.