„На некој начин јас сум уште тоа дете кое спиеше со глувци и молеше за храна“

Поранешниот португалски репрезентативец Нани како дете живеел во очајни услови во стара куќа со дури девет членови на семејството.

Нани денес израсна во успешен и богат човек, но и голем фудбалер, а за медиумите открива каков бил неговиот живот во мала сиромашна населба во Португалија.

„Немавме што да јадеме, се боревме за живот. Куќата имаше многу дупки од кои излегуваа глувци и гуштери, но тоа на крајот беше нормално. Како дете, неверојатно беше да се прилагодам на многу работи, но единствено нешто на што не можев е гладот. Желудникот ви плаче, болката е голема и ужасна“, открива Нани.

На само 10 години Нани се молел на улица за храна од богатите луѓе во Лисабон.

„Решивме да не крадеме и потоа искрено ги прашувавме луѓето да ни дадат храна. Ако никогаш не сте го запознале гладот. Тогаш мислите дека претерувам, но и денеска го имам истото чувство кога јадам пица. На некој начин јас уште сум детето кое спиеше со глувци и гуштери. Јас сум уште момчето кое тропаше на вратите на луѓето, од кои бараше храна“, кажа Нани.