На Ливерпул му треба замена за Ван Дајк: Прв на листата на желби е Упамекано

Вирџил ван Дајк ќе биде надвор од терените веројатно до крајот на сезоната откако ги повреди предните вкрстени лигаменти на коленото. 

Холанѓанецот беше вистински лидер на тимот и дефинитивно еден од најдобрите дефанзивци во светот. На актуелниот англиски шампион ќе му биде тешко без Ван Дајк во составот, па затоа клупската легенда Џејми Карагер предлага во јануарскиот преоден рок Јирген Клоп со сите сили да тргне по Дајут Упамекано од Лајпциг.

„Ливерпул треба да плати екстра пари за Упамекано на 1 јануари. Тоа ќе значи дека ќе има добра замена на следните 11 натпревари без Ван Дајк во составот“, вели Карагер.

Клоп е на сериозна мака, бидејќи во тимот има само двајца стопери, а тоа се Жоел Матип и Џо Гомез. Дејан Ловрен си замина изминатото лето во Зенит, а клубот не донесе адекватна замена во дефанзивната линија.