На Кансело му се смачи во С. Арабија, па најави враќање во Европа

Еден од најдобрите бекови, Жоао Кансело веќе некое време игра во Ал-Хилал, но вели дека е подготвен да се врати во Европа.

Португалецот сакаше да го откупи неговиот договор Барселона во 2024 година, но тоа не се случи, па замина на печалба во Саудиска Арабија.

„Сонувам повторно да играм за голем европски клуб. Имам ште една година од договорот со Ал-Хилал, но отворен сум за нова авантура“, кажа Кансело.

Кансело досега одигра 43 натпревари за Ал-Хилал, а притоа постигна два гола и 13 асистенции.

Фото: Al-Hilal