На денешен ден пред 15 години за Барселона дебитираше - најдобриот! (ВИДЕО)

На 16 октомври 2004 година, Франк Рајкард реши да ми додели неколку минути игра на младиот талент на Барселона, Лионел Меси. 

На гостувањето кај Еспањол го извади од игра Деко во 82-та минута и му даде деби за првиот тим на 17-годишно момче со светла иднина пред себе.  

Меси до денеска има постигнато 604 голови на 692 натпревари за Барселона и 233 асистенции. Со клубот освои 10 шампионски титули во Ла Лига, шест шпански купови, четири Лига на шампиони и три Светски клупски првенства.

Од индивидуалните признанија секако најважни се петте „Златни топки“ за најдобар светски фудбалер.