Мусовски мајсторски ја затресе мрежата на Галакси! (ВИДЕО)

Даниел Мусовски, кој неодамна се согласи да игра за македонската фудбалска репрезентација, стрелаше во мечот против Лос Анџелес Галакси за водство од 1-0 на неговиот тим.

Мусовски излезе сам пред противничкиот голман, па без многу проблеми го префрли и ја затресе мрежата за предност на Лос Анџелес од 1-0.