Муслиу во 89. минута му обезбеди четвртфинале на МОЛ Фехевар во Купот (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер Висар Муслиу одигра многу добар натпревар за МОЛ Фехевар и успеа да постигне гол дури во 89. минута за конечни 1-0 против Ујпешт во Купот.

Муслиу во самата завршница се најде на вистинското место по изведениот корнер и ја смести топката во противничката мрежа, па така му обезбеди четвртфинале на својот клуб.