Мурињо загрижен: Една ѕвезда на лето си оди од „Олд Трафорд“

Менаџерот на англискиот великан Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо признал дека е загрижен што летово ќе остане без една своја ѕвезда, која како слободен играч планира да си замине од „Олд Трафорд“.

Белгискиот репрезентативец Маруане Фелаини повеќе од извесно е дека ќе го нашушти Манчестер јунајтед, откако неговиот договор истекува на крајот на сезонава, а веќе ја одби понудата за продолжување на соработката. Фелаини се најавуваше дека ќе оди во турски Бешикташ, дури бил сликан како во Истанбул доаѓа на преговори, но наводно ПСЖ го убедиле со повеќе пари да дојде на „Паркот на принцовите“.

Ова му создава главоболка на Мурињо, кој сега ќе треба да бара нов играч за средниот ред со така силни карактеристики, кој брзо би се прилагодил на англискиот фудбал.

Кога Португалецот го прашале дали е загрижен што Фелаини ќе си замине, одговорил: „Да, загрижен сум“.

Но, кога го прашале што направил за да се обиде да го задржи Белгиецот, продолил во типично негов стил:

„Ништо!“, прво одговорил. „Јас оставив разговорите да течат помешу играчот и управата. Не сум вклучен во договорот, во детати. Јас ги почитувам и играчот и бордот. Играчот има право да одлучи за својата иднина. Неговиот договор завршува и тој избира за иднината. И јас го респектирам тоа, бидејќи одлуките и разговорите се под контрола, а јас само чекам дали ќе се постигне некаков взаемен договор. Се е тоа надвор од моја контрола“, рекол Мурињо.