Мурињо за лошата игра на Јунајтед го обвини – сонцето!

Манчестер јунајтед победи денеска на гостувањето кај Саутемптон со 1-0 со гол на Ромелу Лукаку, но прескапиот тим на „црвените ѓаволи“ не импресионираше со својот настап, туку напротив одигра повеќе од очајно.

И по дуелот и новата победа од која трите бода се најважни, „кралот на оправдувањата“, Жозе Мурињо, кој секојпат има алиби за се, најбизарно досега потенцираше дека за лошата игра на неговоте избраници виновно било – сонцето!

Новинарот на „Мејл“, Оливер Холт сето тоа го сподели на социјалните мрежи. Новинарите се насмеале на „ова обвинување од Мурињо за сонцето“, а Португалецот додал само: сериозно!