Мурињо смисли нов начин да добие бизарен жолт картон (ВИДЕО)

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо повторно беше во центарот на вниманието иако неговиот тим победи на гостувањето кај Анталија со 2-0.

Незадоволен од една одлука на судиите да досудат офсајд при една акција која заврши со гол на Џеко, Португалецот одлучи на необичен начин да го изрази својот протест. Својот лаптоп, со фотографија од спорната ситуација, го постави точно пред една од камерите со која се вршеше пренос, за да можат да видат сите што се случи.

Судиите го забележаа тоа и главниот арбитар му покажа жолт картон кој ќе остане запамтен како еден од најбизарните во неговата кариера.