Мурињо шокиран, Гвардиола сигурен: Сити му избега на Јунајтед (ВИДЕО)

Манчестер сити ја зголеми предноста на табелата во англиската Премиерлига на пет бодови, по денешната сигурна и лесна победа на „граѓаните“ со 3-0 против Барнли и неочекуваниот шок на градскиот ривал Манчесер јунајтед, кој загуби со 1-2 на гостувањето кај Хадерсфилд во деветтото коло во најсилното островско првенство.

Половина час Барнли одолеваше на тимот на Пеп Гвардиола, но Серхио Агуеро од пенал го скрши отпорот, а потоа набрзина Николас Отаменди и Лерој Сане постигнаа два гола за 120 секунди во последните 17 минути од мечот за убедлив триумф на „граѓаните“. Манчестер сити по девет кола има осум победи и само едно реми со дури 32 постигнато голови.

За разлика од нив, градскиот ривал и второпласиран на табелата Манчестер јунајтед беше шокиран во Хадерсфилд и тоа најмногу благодарение на киксот на скапото 40-милионско засилување Виктор Линфелоф, па домаќините набрзина со два гола запет минути преку Мој и Депоитр стигнаа до убедлива предност, која до крајот Маркус Рашфорд успеа само да ја намали со погодокот во 78-та инута од мечот. Јунајтед со поразот остана на 20 бода, пет зад градскиот ривал и засега надмоќен Сити.

 

 

Лестер и Бурнемаут како гости славеа идентично со 2-1 на гостувањата кај Стоук и Свонси, а Њукасл во финишот од мечот го искористи домашниот терен за минимално да го совлада Кристал палас, кој останува закован на дното со само три бода од девет кола.

Вечерва на програмата е последниот меч помеѓу Саутемптон и Вест Бромвич Албион.