Мурињо сака да се врати во Премиерлигата, но има само една опција!

Жозе Мурињо уште е без тренерски ангажман, иако во претходниот период се поврзуваше со Баерн Минхен и Арсенал, но очигледно од тоа нема ништо, па според англиските медиуми Португалецот има само уште една опција.

Медиумите од Островот пишуваат дека Мурињо би можел да се врати во Англија, но само доколку Маурицио Покетино добие отказ.

„Специјалниот“ би можел да седне на кормилото на Тотнем, па така тоа ќе му биде трет клуб во Премиерлигата, откако претходно ги предводеше Манчестер јунајтед и Челси.