Мурињо откри кои противници ги посакува за англиските екипи во ЛШ и ги – изненади сите!

Португалскиот тренер Жозе Мурињо во моментов е без клупски ангажман, но тоа не е пречка новинарите постојано да му здодеваат и да бараат изјави од него, како што е сега случајот во пресрет на денешната ждрепка за четврт-финалето од Лигата на шампионите.

Доскорешниот тренер на Манчестер јунајтед ги открил желбите за противниците пред сѐ на четирите англиски екипи кои се најдоа во завршницата од ова натпреварување.

„Би сакал тимовите од Англија да играат помеѓу себе. И тоа Јунајтед против Сити, а Тотнем против Ливерпул. Тоа би биле сјајни пресметки“, изјавил Мурињо.

Доколку неговата желба и навистина се оствари, Португалецот знае што сака и во пресметките на останатите екипи.

„Би сакал да играат Ајакс и Порто, но не и Барселона против Јувентус. Тоа се тимови кои заслужуваат да се сретнат еден против друг дури во финалето“, дополнил Мурињо.

Ждрепката за ЛШ ќе се одржи денеска во Нион со почеток во 12 часот.