Мурињо откри: Имав три понуди по отказот од Манчестер јунајтед!

Жозе Мурињо пред крајот на минатата година доби отказ од тренерското место на Манчестер јунајтед, кој го вработи Оле Гунар Солшер.

Мурињо откри дека добил три понуди за да ја продолжи кариерата по отказот од Јунајтед, но Португалецот ги одбил сите.

„Среќен сум во овие неколку недели. Јас се познавам себеси и знам дека до крајот на март ќе се мачам со мојата среќа. Треба да ги анализирам сите работи. Добив три понуди по отказот од Манчестер јунајтед, но ги одбив сите. Сакам да имам повеќе време за да донесам конечна одлука“, вели Мурињо.

Португалецот се поврзуваше со неколку клубови, а според италијанските медиуми Интер е еден од најголемите фаворити за неговите услуги.