Мурињо: Не можеме да ја освоиме титулата, ама барем можеме да бидеме четврти!

Англискиот великан Манчестер јунајтед доживеа нов пораз и вечерва Жозе Мурињо доби лекција од Јирген Клоп, па Ливерпул предводен од Џердан Шаќири со два гола славепе победа со 3-1 во дербито на Англија.

По поразот, Мурињо уште еднаш го потврди тоа што сите го знаат уште од очајниот старт на сезоната, дека „црвените ѓаволи“ немаат капацитет за да се борат за шампионскиот трофеј, но контроверзниот Португалец посочи дека барем се надева дека Јунајтед на крајот ќе заврши четврти и ќе игра повторно во Лигата на шампионите.

„Дали можеме до титулата? Секако дека не можеме. Но, можеме барем да завршиме четврти. Сигурно е дека ќе бидеме меѓу најдобрите шест, но мора да го земеме тоа четврто место. Сега гледаме во петтиот, а потоа ќе гледаме во четвртиот во нашата трка. Но, ако гледате, ние секако ќе сме во топ шест, како и сите големи други тимови во лигата“, вели Мурињо.