Мурињо му честиташе на Јувентус: Роналдо ќе ја подобри Серија А!

Кристијано Роналдо беше официјално претставен денеска во Јувентус, кој се надева дека Португалецот ќе им помогне во битката за трофејот во Лигата на шампиони.

Манчестер јунајтед беше еден од кандидатите за неговиот потпис, но на крајот Роналдо одлучи да замине во Италија, па поради тоа Жозе Мурињо реши да му честита на тој потег.

„Шпанската лига повеќе ги нема најдобрите два фудбалери во светот. Сега едниот е во Шпанија, а другиот во Италија. Сега сите ќе ја гледаат италијанската лига поради Роналдо, шпанската поради Меси и Премиерлигата затоа што е најдобра во свет“, вели Мурињо.

Исто така, Португалецот се надева дека трансферот ќе ги натера другите екипи да играат поквалитетен фудбал и нема да се откажат од борба за Скудетото и покрај трансферот на Роналдо во редовите на „старата дама“.

„Ако ова ја смени перспективата на екипи како Интер, Милан и Рома и доколку тие не прифатат туку-така дека Јуве ќе биде посилен со Кристијано, тогаш тие може да се мотивираат од овој трансфер и така ќе се подобри квалитетот на лигата. Поради тоа, јас му честитам на Јувентус за трансферот, кој вклучува фудбал, маркетинг и промоција“, објаснува Португалецот.