Мурињо им порача на новинарите: Треба да се запрашате зошто премногу нè критикувате

Манчестер јунајтед предводен од Жозе Мурињо дојде на чекор до нов трофеј, откако контроверзвиот Португалец седна на клупата на „црвените ѓаволи“, по денешната победа со 2-1 против Тотнем за да обезбеди финале во најстарото островско натпреварување ФА Купот.

Јунајтед до победата стигна со головите на Алексис Санчез и Андер Ерера, а според Мурињо триумфот е повеќе од заслужен.

„Ја заслуживме победата, бевме подобар тим, многу добро организирани, па дури и го конторлиравме мечот иако тие имаа поголем посед. Сега, треба да се запрашате, зошто толку многу нè критикувате. Играме трето финале во последните четири години, ни требаат уште шест бода во Премиерлигата. Така да може премногу нè критикувате“, им рече Мурињо на новинарите.