„Мурињо и Солшер на ист начин го водат Јунајтед, само што Норвежанецот победува“

Луи Ван Гал во 2014 година го презеде кормилото на Манчестер Јунајтед, но потоа беше променет за во клубот да дојде Жозе Мурињо. Според Ван Гал, Јунајтед практикува иста игра како и во времето на Мурињо, иако сега Оле Гунар Солшер е тренер на „црвените ѓаволи“.

Ван Гал во интервју за англиските медиуми смета дека и Мурињо и Солшер го „паркираат“ автобусот и чекаат на контра, единствена разлика е што Норвежанецот успева да победи.


„Тренерот кој дојде после мене (Мурињо) ја промени тактиката. Го паркираше автобусот и играше на контри. Сега тука е друг тренер, кој исто така паркираше автобус и игра на контри. Единствена разлика помеѓу Мурињо и Солшер е тоа што Солшер победува“, кажа Луи Ван Гал.