Мурињо одби да седне на клупата на тим од Франција!

Португалскиот стратег Жозе Мурињо ја одби понудата на поранешниот француски шампион Олимпик Лион.

Една од причините е тоа што „лавовите“ не се доволно амбициозни и дека не можат да се тркаат со еден од најмоќните клубови во светот ПСЖ. Втората причина се парите. Португалецот ги намали барањата, сепак ни тоа не било доволно за да се договорат. Затоа поранешниот тренер на Јунајтед почнал да разгледува други опции.

Еден од клубовите кои е секогаш заинтересиран за „специјалниот“ е италијанскиот гигант Интер. Мурињо на Италијанците им ја донесе популарната „триплета“ кога ја освои Серија А, ЛШ и купот на Италија. Навивачите на „нероаѕурите“ никогаш не го преболеа неговото заминување и се надеваат дека Португалецот ќе се врати во Милано.