Мурињо го бара „кртот“ во соблекувалната на Јунајтед!

Манчестер јунајтед никако да заигра како што посакуваат навивачите, иако беа на чекор да стигнат до голема победа во Лондон против Челси, па продолжуваат главоболките за тренерот Жозе Мурињо.

Португалецот е лут бидејќи вторпат за неколку недели неговиот состав се појави на социјалните мрежи и тоа неколку часа пред натпреварите.

Мурињо во Реал Мадрид го обвинуваше Икер Касилјас дека испраќал такви информации до медиумите, па сега ќе видиме кој ќе биде виновен на „Олд Трафорд“ за сличната ситуација.

Па, во наредниот период се очекува од Мурињо да го најде човекот кој му ги открива плановите и ги објавува во јавност, а каква ќе биде казната за него останува да видиме.