Му се ближи крајот на Лопетеги, Реал во преговори со искусен тренер!?

Реал Мадрид, наводно, ги почнал преговорите со италијанскиот тренер Антонио Конте, кој би можел да седне на тренерското столче, откако Хулен Лопетеги разочара во досегашниот дел од сезоната.

„Кралевите“ минатото лето го ангажираа Лопетеги, но Шпанецот не донесе ништо друго, освен лоши резултати. Тие немаат постигнато ниту еден погодок на последните четири натпревари, односно имаат едно реми и три порази.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека управата на „кралскиот клуб“ во понеделникот имала контакт со Конте и му ја соопштила својата желба дека сака да го ангажира.

Меѓутоа, мал проблем би можела да претставува борбата на Конте со Челси околу отказот кој му беше даде пред почетокот на новата сезона, па „сините“ не сакаат да му исплатат десет милиони евра отштета.

Сепак, се шпекулира дека Реал ќе го убеди да се откаже од нив за да седне на тренерското место, кое е сон на многу тренери.

Во наредните неколку натпревари ќе го добиеме епилогот околу иднината на Лопетеги во Реал, а доколку продолжи вака сигурно нема да издржи уште долго.