Му го свртеа грбот: Дури 70 отсто од навивачите на Реал сакаат – Роналдо да си оди!

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо веќе девет години е дел од европскиот великан Реал Мадрид, но во изминативе шест месеци игра повеќе од очајно, а поради тоа дури и навивачите на „кралевите“ почнаа да не го сакаат.

Во период кога мадридскиот великан преживува голема резултатска криза со рекордно заостанување од 19 бода зад Барселона и загубена шампионска титула во Ла Лига, приказните за заминувањето на Роналдо по „стоти пат“ во изминативе неколку години повторно се актуелизираа. Наводно Нејмар треба да биде новата голема ѕвезда на „галактикос“ на сметка на најдобриот светски фудбалер.

Нема сомнение дека Роналдо е миленик на мадридкста публика, тој е рекордер на „кралскиот клуб“, беше машина за голови, но... Весникот „АС“ направи анкета по бројните шпекулации, околу иднината на Роналдо и резултатите се покажаа како – шокантни.

Дури 70 отсто од преку 125.000 навивачи, кои гласале на анкетата, истакнале дека Португалецот треба под итно да си оди. Роналдо е незадоволен што Реал не му понудува нов договор, а првиот човек Флорентино Перез нема намера да направи такво нешто. Тој сезонава има само 16 гола во 24 меча, а на 418 настапи за „кралевите“ досега има 422 гола и 127 асистенции.