Можно ли е ова? За Роналдо има само една ептен богата понуда, ама...

Вообичаено за најдобриот светски фудбалер треба да има тепачка, кој клуб да го донесе во своите редови, но верувале или не за Кристијано Роналдо нема ниту една нормална, барем не од тие што се најавуваа во последно време дека ќе одбојат многу милиони за да го ангажираат.

Роналдо е речиси на излезна врата од „Сантјаго Бернабеу“, навреден што Флорентино Перез и Реал Мадрид не сакаат да му дадат подобар оговор, откако тој испадна од „топ пет“ најплатени фудбалери на светот. За него, актуелната плата е понижувачка, кога речиси секој друг добива или плата еднаква како неговата или далеку поголема (Лионел Меси во преден план). Португалецот има договор до 2021 година, но шансите од ден на ден за да си оди од Мадрид стануваат поголеми, а полека и навивачите му го вртат грбот по слабата форма досега.

Се најавуваше дека ПСЖ, Челси, Манчестер јунајтед, ЛА Галакси ќе се тепаат за него. И барем три од овие четири клуба имаат по 30 милиони евра за да му дадат како плата. Но, ништо од тоа. Во моментв, неговиот менаџер Жорге Мендеш имал само една понуда и тоа од – Кина.

Пребогатиот Тијанџин, кој минатата година влезе во суперлигата на Кина и беше трет подготвен е да му даде богатство на Роналдо. Тијанџин има проект за да биде најдобар азиски клуб, имаат премногу пари, па за да го донесат Роналдо нема да штедат. Спонзор на тимот е човек кој контролира болници и природна медицина во Кина и има милијарди на своето конто.

Проектот им е 100 милиони евра за оштета за Реал и неверојатни 50 милиони евра годишно за Роналдо. Арно, ама Португалецот не сака да оди во Кина. Кој знае, можеби и ќе се предомисли, откако речиси 70 отсто од навивачите на „кралевите“ во анкета се изјаснија дека е време, но најдобро да замине на лето.