„Можев да отидам во друг клуб, да заработам многу пари и да живеам мирно, но го избрав Арсенал“

Дефанзивецот на Арсенал, Бразилецот Давид Луис, изјави дека решил да се пресели од Челси во градскиот ривал затоа што имал потреба од нов предизвик.

Бразилецот своето деби го имаше во саботата, кога неговиот нов тим славеше на домашен терен против Барнли со 2-1.

Јас сум полн со амбиција, затоа и се решив на овој трансфер. Ми се допаѓаат новите предизвици, новите работи. Ми дава кислород и мотивација. Можев да изберам многу поудобна опција, да заработам пари и да живеам мирно. Сите знаат дека бев среќен во Челзи, со кого освоив многу трофеи. Имав искрен разговор со Лампард (менаџерот на Челси) и стана јасно дека имавме различни визии за сезоната. Па така најдоброто нешто за обете страни беше да покажеме почит и да се разделиме, изјави Бразилецот, кој забележа 248 натпревари со 18 голови и 12 асистенции во неговите два периоди на „Стемфорд Бриџ“ – 2011-2014 и 2016-2019 година.

Со Челси, бразилскиот централен дефанзивец еднаш ја освои титулата во Англија (2017) и трофејот во Лигата на шампионите (2012), како и ФА Купот (2012 и 2018) и Лигата на Европа (2013 и 2019).