Мота испиша нова историја во Серија А по триумфот на Џенова (ФОТО)

Џенова со пресврт во второто полувреме успеа да слави со 3-1 против Бреша, па новиот тренер Тијаго Мота испиша нова историја во Серија А со својот тактички потези. 

Во второто полувреме тој во игра ги внесе Агудело, Куаме и Пандев, а сите тројца вратија за довербата со по еден гол. За прв пат во историјата на еден натпревар во Серија А сите три измени постигнаа гол за својот тим.