Морено со голчиште го доведе Виљареал на чекор до четвртфинале (ВИДЕО)

Виљареал предноста од 3-1 од првиот натпревар, дополнително ја зголемува во првото полувреме на реваншот во Шпанија, откако Жерард Морено со фантастичен удар го „отвори“ Зенит Санкт Петербург.

Карлос Бака додаде до Морено, а Шпанецот неколку метри истрча со топката, се доближи до шеснаесетникот и со маестрален удар го матираше голманот Андреј Лунев.