Монако со одлична игра го „нокаутираше“ Лил (ВИДЕО)

Монако почна да личи на тој стариот тим, кој се бореше до лани за врвот во француската ЛИга 1, откако денеска го урна второпласираниот Лил со 1-0.

Монако создаде неколку добри шанси кон голот на противничката екипа, но мрежата остана да мирува во првото полувреме.

Сепак, до првиот и единствен погодок на мечот мораше навивачите да чекаат до 90. минута кога Карлос Виничиус погоди за 1-0 и голем триумф за Монако.

„Кнезовите“ во моментов се на 16. место во францускиот шампионат, додека Лил останува на второто место.